Северен тек 2 наполнет со технички гас

Првиот цевковод од гасоводот Северен тек 2 е наполнет со технички гас и оспособен е за транспорт на енергенсот, обајви во понеделникто компанијата „Nord Stream 2“ којашто ќе управува со испораките на рускиот гас кон Европа во услови на голема енергетската криза.

Во цевководот се впумпани околу 177 милиони кубни метри технички гас, потребен за одржување на притисокот кој сега изнесува 103 бари, извести операторот со гасоводот со седиште во Швајцарија.

Притисокот е доволен за идниот транспорт на гасот, истакнуваат од таму, додавајќи и дека трганел со подготовките за пушатање во функција и на вториот цевковод.

Гасоводот веќе извесно време ја очекува дозволата од германските егулатори, а постапката за нејзинот издавање би можела да потрае и неколку месеци, истакнуваат медиумите. Тоа нема да оди во прилог на скоро надминување на кризата во Европа каде се чувстува голем недостиг од енергенсот.

Со Северен тек 2 траба да се удвојат руските испораки на гас во Европа на вкупно 110 милијарди кубни метри, а изградата ја финансираа руски „Газпром“ и неговите европски партнери австриски OMV, франциски ENGIE, британски „Shell“ и германските „Uniper“ и „Wintershall Dea“.

САД се спротиставуваа тврдејќи дека наводно ќе ја зголеми зависноста на Европа од руската енергија, но Германија одговори дека американските чекори во насока да го стопира проектот е со цела да се натераат европските корисници да го купуваат американскиот течен гас (LNG) за кој е потребна скапа инфраструкура која во моментов е недоволна во Европа како и самата повисока цена на таквиот гас. Завршните работи се пролонгира поради серијата американски санкции, но Европа есенва се соочи со недостиг од гас поради тоа што летово ги продаде своите резерви на поскапите јужноамеракански и азиски пазари, како и поради поголемата побарувачка на стопанството кое закрепнува од коронакризата.

Во меѓувреме во понеделникот „Газпром“ објави дека резервираледна третина од транзитниот капацитет преку Полска за ноември со капацитет од 31,4 милиони кубни преку гасоводот „Јамал-Европа“.

Севкупно, на аукцијата во понеделникот беа предложено да се резервираат транзитни капацитети во износ од 89,1 милиони кубни метри гас дневно, покажуваат податоците од платформата GSA Platform.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.