Северен тек 2 не е закана за снабдувањето на ЕУ со гас, порача Германија

Можноста за испорака на рускиот природен гас во Германија преку новиот гасовод Северен тек 2 нема да го загрози снабдувањето на Европската унија со овој енергенс, соопшти германското министерство за економија, подготувајќи ја јавноста за издавњето на регулаторната дозвола која единствено е пречка во моментов за да започени да функционира гасоводот.

Гасоводот е потполно подготвен за испораки на гас, тестиран е и наполнет до потребниот притисок, но германската Федерална мрежна агенција мора прво да ја издаде дозволата за употреба, а услов е анализата на снабдувањето која мора да ја изработи министерството за економија.

„Сојузното министерство за економија заклучи во анализата дека издавњето дозвола не ја загрозува сигурноста на снабдувњето со гас во Германија и во ЕУ“, се наведува во соопштението на министерството од вторникт.

Анализата е доставена до регулаторото по разговорите со соедните земји од ЕУ, се додава во соопштението, со напомена дека Италија, Австрија, Полска, Чешка, Унгарија, Естонија, Латвија и Литванија добиле можност за консултации. Полска притоа бараше да има претставник и во германските тела.

Германскиот регулатор има рок да го издаде сертификатот до почетокот на јануари, но одлуката би можел да ја донесе и порано. Потоа ќе испрати препорака до Европската комисија, којa
Со Северен тек 2 траба да се удвојат руските испораки на гас во Европа на вкупно 110 милијарди кубни метри, а изградата ја финансираа руски „Газпром“ и неговите европски партнери австриски OMV, франциски ENGIE, британски „Shell“ и германските „Uniper“ и „Wintershall Dea“. има рок од два месеца за одговор.

Главни критичари на гасоводот се САД, кои не успеваат позначително во Европа да го пласираат својот течен природен гас (LNG) и Украина, којашто ќе губи милијарди евра годишно од транзитните такси за преност на рускиот гас до европските потрошувачи. За нив Русија би можела да го користи наводно како орудие за постигнување политички цели, а Москва повеќепати повтори дека станува збор за чисто комерцијален проект кој ја зголемува сугурноста за испораките на енергенсот во Европа.

Последните месеци гасоводот доби на важност, откако гасот бележеше историски невидено досега високи цени поради кризата со којашто се најде Европа поради лошата енергетска стратегија, летната продажба на резервите на посткапите јужноамерикански и азиски пазари, како и зголемената побарувачка како резултат на рестартирањето на стопанствата по затворањате во пандемијата на коронавирусот.