Северина е уапсена, сестра и пријавила дека пејачката ја претепала!

Полицијата во Загреб денес ја уапси пејачката Северина Вучковиќ. Апсењето следело, како што дознава Јутарњи лист, откако добиле барање од колеги од Сплит да ја приведат заради кривична истрага.

Како што дознале хрвстаските медиуми, причина била расправија која се случила во домот на мајката на позната пејачка. Според жалбата на нејзината сестра, пејачката наводно на еден начин ја нападнала пред очите на нивната мајка. Било еден час по полноќ, кога се слушна врева од станот.

Двете сестри, како што пријавила Маријана, жестоко се тепале и си удирале шлаканици буквално по целиот стан.

Нејзината сестра заврши во болница

„Јутарњи лист“ пишува дека пејачката на крајот си заминала, а нејзината сестра отишла во болница, каде што по укажаната лекарска помош поради полесни повреди се обратила во полиција за помош. Таа добила низа модринки по главата и грбот, а лекарите забележале исекотини на телото.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.