Северина го лајкна Зеленски, а планирала да се појави облечена во боите на украинското знаме

Хрватската поп пејачка Северина почна да го лајкува украинскиот претседател Зеленски на Инстаграм. Ова е само еден дел од поддршката која таа ѝ ја дава на Украина.

На концертот кој го одржа во Брчко таа планирала да се појави облечена во боите на украинското знаме, но политичар, чие име не го спомена ѝ го забранил тоа. Сепак, таа после настапот повторно ја изрази својата поддршка за Украина и украинскиот народ со пост на Инстаграм.