Северина – од девојка од село до госпоѓа Којиќ!

Поп ѕвездата Северина екс Вучковиќ конечно застана на лудиот камен. Се чини таа го симна каменот од грб и заплови во мирно море.

Северина нејзината кариера ја започнала како девојче во мјузиклот „Фран штрапало“, на 17 години ја снимила првата плоча и од девојка од село стана „градска фаца“ со која соработуваа најголемите музички уметници од Балканот.

Северина е родена на 21. Април 1972 година во Сплит, во семејството на Ана и Север Вучковиќ, како најмала од трите ќерки.

Танцувањето и пеењето и се во крвта уште од мали нозе.

Кога имала 10 години настапила во мјузиклот „Фране штрапало“. Подоцна запишала средно музичко училиште во Сплит, а првите професионални чекори ги направила пред матурата, на Сплитскиот фестивал, како пратечки вокал.

Следат години напорна работа и секојдневни концерти од кои Северина полека прераснува во една од најголемите ѕвезди во Хрватска.

Нема сала на Балаканот каде не стапнала нејзината штикла. Истовремено, нејзиниот љубовен живот наликува на песната „Гас гас“. Секоја нејзина љубов беше за цел живот, но само шестата заврши со брак.

-Шест веридби, мислам дека тоа се симпатични романтични работи. Моите вереници сметале дека треба да ме запросат и го сториле тоа. Бракот е убав и романтичен, но не е никаква гаранција за љубов, така говореше Севе во 2013. година.

Една од првите љубови на Северина беше Ален Марин од бендот „Којоти“. Нивната врска се заврши без никакви пгоолеми скандали, а тој воедно беше и нејзиниот прв вереник. На почетокот на кариерата Севе наводно била во врска со кантавторот Зринко Тутиќ. Иако никогаш не ја признале врската бидејќи Тутиќ бил оженет, нивната љубовна врска била јавна тајна за која наголемо се зборувало.

Пет години траела љубовта меѓу Севе и Тутиќ, а потоа се пукнало и тоа на сите страни.

Следен бил продуцентот Анте Пецотич, иако Северина никогаш не ја признала таа врска, а тој се оженил со долгогодишната девојка Ива Ковачевиќ.

Херцеговачкиот бизнисмен Милан Лучиќ можеби е најпознатото момче на Северина. Не е познато колку долго биле заедно, но во 2004. година изби скандал откако протече нивна секс снимка. Северина тогаш беше верена со Среќќо Варгек.

Планирал да се ожени со неа, но потоа раскинале. Иако на почетокот и пружал поддршка, на нивниот однос им пресудиле непрестаните трачарења па на крајот решиле да тргнат по одвоени патишта.

Со осум години помладиот Мато Чуљко била во врска од 2005 го 2008 година. Иако биле верени и размислувале за брак ја прекинале врската.

По Мато, многубројни машки имиња се поврзувале со Северина, се до летото 2008 година.

Четвртиот вереник на Севе е сопственикот на спортскиот центар во Ријека, Славко Шаиновиќ.

Две и пол години подоцна го оставила Славко поради Милан Поповиќ, кој го запознала кога му пеела на роденденската забава. Милан ја опсипал со љубов и подароци, со неговиот авион патувале низ светот, им се случила вистинска филмска љубов. Со него го има синот Александар.

seve1

Сепак, една година по раѓањето на детето, Северина и Милан бурно се разделија, а нивните препирки околу детето, старателството и алиментацијата траат и денес.

По Милан пејачката не беше во врска се до моментот кога срцето и го освои синот на Кеба, Игор Којиќ, со кого се омажи.

seve2

Девојката од село на свадбата се возеше во „Застава 101“. Џеј и пеел „Раѓај синови“, а нас ни останува да се надевае дека сета љубовна тарапана ќе се заврши по ќејф на убавата далматинка.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.