Северина со синот позираат пред божиќната елка (ФОТО)

Северина на Божиќ објави фотографија со синот Александар.

Тие позираа пред елката свртени со грбот кон камерата. Момчето е облечено во зелени божиќни пижами, додека Северина е во црвено.

„На божиќно утро, сонливо и долго…“, напиша Северина. За помалку од 20 минути фотографијата собра повеќе од пет илјади лајкови.

Да потсетиме, Северина дури ова лето почна повторно да објавува фотографии со синот.

Поранешниот партнер на Северина, Милан Поповиќ, кој на суд се расправа со пејачката за старателството над неговиот син, побарал Северина да престане да објавува фотографии и видеа од Александар, дури и ако се направени одзади.

„Сега се покренува нова тужба во која таткото бара да не го објавувам детето ни одзади. Лудо… На премиерот Пленковиќ пред некој ден му аплаудираа во Собранието затоа што човекот има дете, а неколку дена подоцна излегол на прошетка со постариот син, што излезе во весник, еднаш објавил фотографија од малата ќерка… Секој може, освен мене“, изјавила Северина претходно.