Северна Ирска: Полицијата ја сомничи новата IRA за обид за убиство на полицаец

Полицијата во Северна Ирска ја сомничи ирската националистичка милитантна група Нова Ирска републиканса армија (IRA) за обид за убиство на висок детектив кој беше застрелан пред очите на неговиот син во градот Омаг во средата вечерта.

Двајца вооружени напаѓачи испукале повеќе истрели кон детективот Џон Колдвел додека тој ставал фудбалски топки во автомобилот по тренингот неговиот син, изјави полицискиот службеник Марк Мекјуан.

Колдвел е во болница во критична состојба.

Напаѓачите продолжиле да пукаат во детективот Колдвел дури и кога тој веќе бил апднат и лежел на земја, а биле погодени и најмалку две возила во блискиот парк, од каде родителите и децата избегале во паника, додаде Мекјуан.

Автомобилот на осомничените беше пронајден надвор од градот Омаг, местото на најтешкиот напад во Северна Ирска во периодот познат како „Неволји“, кога член на фракција на IRA активираше автомобил-бомба во 1998 година, четири месеци откако беше потпишан мировниот договор, при што загинаа 29 лица.

„Ние не исклучуваме ништо, има повеќе линии на истрага. Главниот фокус е на насилните дисиденти републиканци и затоа фокусот е на Новата IRA“, рече Мекјуан за BBC.

Во својата должност, Колдвел истражувал сериозни злосторства и терористички активности.

Новата IRA, помала милитантна националистичка фракција оја секогаш се спротивставуваше на мировниот договор, изведудваше напади врз полицијата и во минатото и беше одговорна за убиството на новинарката Лајра Меки во 2019 година.

Последен пат беше убиен полицаец во Северна Ирска во 2017 година, а минатата година Обединетото Кралство го намали нивото на закана од тероризам првпат по повеќе од една деценија.