Северна Кореја ја крена во воздух канцеларијата за комуникација на границата со Јужна Кореја

Северна Кореја ја крена во воздух канцеларијата за заедничка комуникација на границата со Јужна Кореја. Поточно, ја разнесе зградата во градот Каесонг, кој се наоѓа на границата меѓу двете земји.

Претходно Северна Кореја се закани дека ќе испрати војска во демилитаризираната зона што ја одделува од Јужна Кореја.

Тензиите меѓу двете земји растат откако јужнокорејските активисти и пребегнатите од Северна Кореја, наводно, испратиле околу 50.000 летоци во комунистичката држава. Таквите кампањи генерално ги повикуваат луѓето од Северна Кореја да ја соборат својата влада.

Пјонгјанг размислува за план да ја врати армијата во зоните што се демилитализирани според договорот меѓу северот и југот, да ја претвори фронтовската линија во упориште и дополнително да се зајакне воената будност кон југот“, соопшти севернокорејската војска, пренесува државната новинска агенција КЦНА.

Пјонгјанг претходно побара од Сеул да престане со испраќање летоци со критики за севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун. Сеул вети во преговорите во 2018 година дека ќе го спречи тоа, пишува Би-би-си. Летоци се испраќаат преку границата во балони и често се користат за испраќање храна, банкноти, радија и уесбе со филмови и вести од Јужна Кореја.

Затоа Северна Кореја се закани дека ќе ја прекине целата комуникација со нејзиниот јужен сосед, дека ќе ги затвори граничните канцеларии за врски и ќе се повлече од заедничкиот воен договор.

Министерството за одбрана на Јужна Кореја објави дека сериозно ги сфаќа заканите на северот и соработува со САД во внимателно следење на воените движења во комунистичката земја

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.