Северна Кореја го потврди првиот смртен случај од Ковид-19

Северна Кореја го потврди првиот смртен случај од ковид-19, а државната телевизија додаде дека десетици илјади други имаат симптоми на треска. Шест луѓе починаа откако имал треска, а еден од нив бил позитивен на омикрон сојот, јави денеска државата телевизија. 187 илјади со симптоми на треска се изолирани и под третман.

Иако експертите сметаат дека коронавирусот е одамна присутен во Северна Кореја, властите вчера соопштија дека го регистрирале првиот случај. Севернокорејските власти рекоа дека има заразени во главниот град Пјонгјанг и објавија дека воведуваат карантин, но не кажаа прецизни бројки.

Денеска, официјалната новинска агенција КЦНА јави дека има заразени и надвор од престолнината.

„Треска чија причина не може да се идентификува се рашири брзо ширум земјата од крајот на април“, објави агенцијата.

Северна Кореја ги отфрли понудите од меѓународната заедница да биде снабдена со милиони вакцини на АстраЗенека и од кинеско производство и место тоа тврдеше дека успеала да го контролира ковидот со затворање на границите на почетокот на 2020 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.