Северна Кореја истрела балистичка ракета кон Јапонското Море

Северна Кореја денеска истрела балистичка ракета, јави новинската агенција Јонхап, повикувајќи се на извори од јужнокорејската војска.

„Северна Кореја лансираше балистичка ракета кон Источното Море“, соопшти војската во Сеул, користејќи го корејското име за Јапонско Море.

Сеул од понеделникот спроведува воени вежби со Вашингтон. Маневрите на „Штитот на слободата“ треба да ја зајакнат соработката меѓу сојузниците наспроти нуклеарната закана од Пјонгјанг.

Ова се најголемите заеднички воени вежби меѓу Сеул и Вашингтон во последните пет години. Маневрите треба да траат десет дена.

Во четвртокот Пјонгјанг ја истрела својата најмоќна ракета, интерконтиненталната балистичка ракета Хвасонг-17 (ИЦБМ). Тоа беше втора проба на ИЦБМ оваа година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.