Северна Кореја истрела интерконтинентална балистичка ракета откако Бајден го заврши патувањето во Азија

Северна Кореја денеска тестираше интерконтинентална балистичка ракета (ICBM) и друго оружје со краток дострел истрелано во морето, тврди Јужна Кореја.
Тоа се случи неколку часа откако американскиот претседател Џо Бајден го заврши своето патување во Азија каде што ја потврди посветеноста на Америка да ги брани сојузниците кои се соочуваат со нуклеарната закана на Северна Кореја.
Ако тие тврдења се покажат вистинити, тоа ќе биде прво лансирање на ICBM на Северна Кореја за околу два месецa во услови на застој во нуклеарната дипломатија со Соединетите држави.
Прекршувајќи го мораториумот од 2018 година за лансирање со долг дострел, Северна Кореја во март тврдеше дека ја лансирала својата ракета со најдолг дострел како дел од развојот на функционални ракети со нуклеарни способни, кои би можеле да стигнат до Соединетите држави.
Лансирањето се случи кога Северна Кореја тврдеше дека пандемијата на коронавирус слабее, пишува АП.
По вонредниот состанок на Советот за национална безбедност, владата на Јужна Кореја соопшти дека Северна Кореја истрелала сомнителен ICBM и две балистички ракети со краток дострел.
„Тековните провокации на Северна Кореја може само да резултираат со посилно и побрзо комбинирано одвраќање меѓу Јужна Кореја и САД и може само да ја продлабочат меѓународната изолација на Северна Кореја“, се вели во соопштението на јужнокорејската влада.
– Владата (на Јужна Кореја) одржува постојана подготвеност да одговори силно и ефективно на секаков вид севернокорејска провокација – беше речено.