Северна Кореја истрела нова ракета, една од „петте најважни“ нови оружени системи

Официјален Пјонгјанг соопшти дека вчера успешно е тестирана нова хиперсонична ракета, наречена Хвасонг-8, објави Би-Би-Си.

Севернокорејските државни медиуми објавија дека новата ракета е една од „петте најважни“ нови оружени системи, утврдени во националниот петгодишен план за воен развој.

Тие ја опишаа новата ракета како „стратешко оружје“, што обично значи дека има нуклеарни способности.

Вчерашното лансирање е уште еден индикатор за зголемената модернизација на технологијата за оружје на Пјонгјанг, и покрај строгите санкции.

Хиперсоничните ракети се многу побрзи од конвенционалните, што го отежнува нивното пресретнување со системи за противракетна одбрана.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.