Северна Кореја истрела ракета и вети „пожесток“ одговор на САД и сојузниците

Северна Кореја во четвртокот истрела уште една балистичка ракета и притоа предупредува на „пожестоки воени одговори“ на настојувањата на САД и нивните сојузници за посилно воено присуство во регионот, порачувајќи дека Вашингтон „ќе зажали поради своето коцкање“.

Пјонгјанг годинава изведе рекорден број такви ракети тестови, а исто така неодамна истрела стотици артилериски гранати во морето во текот на серијата заеднички масивни воени вежби кои ги одржуваа Јужна Кореја и САД, а во некои од нив учествуваше и Јапонија.

Војската на соседна Јужна Кореја соопшти дека севернокорејскиот балистички проектил бил лансиран од градот Вонсан на северниот источен брег во 10,48 часот по локално време. Прелетал 240 километри на височина од 47 километри со брзина од 4 Маха.

Најновото лансирање е изведено помалку од два часа откако севернокорејската министерка за надворешни работи Чое Сон Хуи остро го осуди неделниот трилатерален самит на САД, Јужна Кореја и Јапонија, во текот на кој тројцата челници го критикуваа севернокорејското тестирање на оружја и ветија поголема безбедносна и воена соработка.

Американскиот претседател Џо Бајден на разговорите повторни ја потврди доследноста кон јакнењето на проширеното одвраќање и одбрана на двата азиско-пацифички сојузници „со целиот распон на способностите“, вклучително и нуклеарно оружје.

Шефицата на севернокорејската дипломата Чо изјави дека со „воените вежби за агресија“ на трите земји не успеале да ја зауздаат нејзината земја, туку самите себеси си нанеле „посериозна, пореална и неизбежна закана“.

„Колку САД се поостри во ‘засилената понуда за проширено одвраќање’ со своите сојузници и колку повеќе ги интензивира и блефирачките воени активности…. толку воената противакција на Демократска Народна Република Кореја ќе биде пожестока“, рекла Чое во изјава која ја цитира службената севернокорејската новинска агенција KCNA.