Северна Кореја истрела уште четири балистички проектили

Северна Кореја истрелала четири балистички проектили со кус дострел во Жолтото Море, објави севернокорејската армија, додавајќи дека ракетите прелетале околу 130 километри на височина од 20-ина километри.

Северна Кореја седмицава истрела десетици ракети, вклучително, како што оценуваат САД, „можно неуспешно“ лансирање на интерконтинентален балистички проектил, што предизвика осуди од САД, Јужна Кореја и Јапонија. Вашингтон веќе со месеци најавува дека Пјонгјанг наводно „би можела да се подготвува“ за продолжување на нуклеарните тестирања првпат по 2017 година, кога замреа американско-корејските преговори за денуклеаризација на Корејскиот полуостров.

Лансирањето во саботата, меѓу 11.31 и 11,59 часот по локално време, доаѓа кога САД и Јужна Кореја ги продолжија своите шестдневни масивни воздухопловни вежби „Vigilant Storm“ со учество на два стратешки бомбардера „B-1B“ првпат по 2017 годинаи и американските „невидливи“ ловци „F-35A“. Околу 240 воени авиони учествуваат во заедничките со САД воздухопловните маневри „Vigilant Storm“ во текот на кои авионите ќе изведуваат лажни напади 24 часа на ден, а кои започнаа на 31-ви октомври.

„Користењето на стратешките бомбардери покажува комбинирање на одбранбените способности и подготвеноста на Република Кореја и САД решително да одговорат на секаква провокација од Северна Кореја, и волјата на САД да ја имплементира силната доследност на продолженото одвраќање (заштита на сојузниците)“, порача во соопштение воената команда на Јужна Кореја.

Во петок јужнокорејските сили ги завршија 12-дневните теренски вежби „Hoguk 22“, кои вклучуваат лажни амфибиски десанти и преминување на реки, како и некои вежби со американските сили.

Северна Кореја во петокот бараше САД и Јужна Кореја да ги запрат провокативните воздухопловни вежби, откако Сеул најави дека ќе бидат продолжени поради севернокорејските лансирања. Јужна Кореја соопшти дека наредила полетува на воените авиони како одговор на 180-те севернокорејски летови близу границата меѓу двете земји.

Северна Кореја во средата истрела рекордни 23 ракети, од кои една првпат досега падна во непосредна близина на јужнокорејскиот брег.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.