Северна Кореја истрелала два ‘неидентификувани’ проектила

EPA-EFE/JEON HEON-KYUN

Северна Кореја извела во петокот лансирање на два непознати проектила од својот источен брег, објави јужнокорејската новинска агенција Yonhap повикувајќи се на Здружениот генералштаб на јужнокорејската армија.

Од генералштабот соопштиле дека лансираните проектили прелетале 230 километри и развиле брзина од околу 6,1 Маха. Според сознанијата, лансирањето било изведено од областа на селото Тханчхон на источниот брег во покраината Канводно во 8,01 и 8,16 часот по локално време, или по 2 часот по македонски време.

„Далечината на прелетот на проектилите изнесуваше 230 километро, а максималната височина била 30 километри, а максималната брзина била 6,1 Маха или повеќе“, се истакнува во соопштението.

Военото разузнавање на Јужна Кореја и на САД ги анализират добиените податоци за да се утврди видот на проектилите. Се потенцијара дека јужнокорејската армија ги следи натамошните активности на Пјонгјанг, а вооружените сили на земјата се во состојба на зголемена приправност. Претходно министерството за одбрана на Јапонија предупреди за веројатно продолжување на ракетните тестирања од страна на Северна Кореја сѐ до крајот на заедничките воени маневри на војските на САД и Јужна Кореја.

Ова е шесто лансирање на Северна Кореја во изминатите три седмици. Последното се случи на 10-ти август, кога според податоците на јапонската и јужнокорејската војска биле лансирани две балистички ракети со кус дострел, кои прелетале 450 километри пред да паднат во морето.

Севернокорејскиот челник Ким Џонг-ун изјави на почетокот на август дека лансирањето на овие проектили претставува „официјално предупредување“ за Јужна Кореја и САД поради нивните заеднички воени вежби кои Пјонгјанг ги смета за закана.

Комисијата за мирно обединување, телото на севернокорејските власти, соопшти во петокот дека ги отфрла изјавите кои јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ун ги даде во четвртокот. Мун во говорот по повод годишнината од ослободување на Кореја од јапонската окупација (1910 – 1945) рече дека негтовата задача е да „воспостави мир и да оствари обединување до 2045 година“, иако претседателскиот мандат му истекува во 2022 година.

Во севернокорејското соопштение се обинува Сеула дека е одговорен за сегашниот прекин на меѓукорејските преговори и за неспроведување на „историската изјава Панмунџом“. Таа изјава беше дадена на неподготвениот останок на Ким Џонг-ун и американскиот претседател Доналд Трамп во Пунминџом, село во Демилитаризираната зона која ги разделува двете Кореи. Двајцата челници тогаш одлучија дека наскоро ќе ги продолжат разговорите за севернокорејскиот нуклеарен арсенал, но тоа досега не се случи.

Северна Кореја во соопштението објавено во петокот ја исклучи можноста од скоро продолжување на пеговорите со Јужна Кореја. „Немаме повеќе што да разговараме со јужнокорејските власти и воопшто немаме намера да се обединиме со нив“, пишува во соопштението.