Северна Кореја изведе вторo тестирање проектил во неколку дена

Северна Кореја во вторникот утрото лансираше проетил за кој јужнокорејските и јапонските безбедносни агенции сметаат дека станува збор за балистичка ракета.

Станува збор за лансирање втор проектил за помалку од една седмица, откако севернокорејскиот водач Ким Џонг-ун на годишниот пленум на владејачката комунистичка партија се зазема за натамошни развивање на одбранбената моќ на земјата.

Според процените, проектилот паднал во јапонската екслузинва економска зона (EEZ), извести јапонската новинска агенција Kyodo, повикувајќи се на сопствени извори во владата во Токио.

Тестирањето кое го извела нуклеарно вооружената Северна Кореја го остакна годинешното ветување на севернокорејскиот водач Ким Џонг-ун дека ќе ја зајакне восјата за да се спротистави на нестабилната меѓународната ситуација во периодот кога преговорите со САД и Јужна Кореја за денуклеаризација на Корејскиот полуостров се во ќорсокак.

Минатата среда Северна Кореја потврди дека истралала „хиперсоничен проектил“ кој успешно ја погодил целта во морето.

Лансирањето во вторникот следеше декн откако мисијата на САД при Обединетите нации, на која ѝ се придружија Албанија, Велика Британија, Франција, Ирска и Јапонија, издаде заедничка изјава во која го осудива минатонеделното севернокорејско тестирање ракета.

„Таквото тестирање го зголемива ризикот од погрешна процена и ескалаца, и претставува значителна закана за регионалната стабилност. Исто така, покажува што Северна Кореја може да им понуди на клиентите и трговците со илегално оружје ширум светот“, наведе американската амбасадорка во ОН, Линда Томас-Гринфилд во посмената изјава за јавноста.

Јунокорејските воени функционери во петокот ја доведоа под сомневање способноста на „хиперсоничната ракета“ за којашто Северна Кореја тврдеше дека е пробно истрелана минатата седмица, велејќи сека се чини оти претставува ограничен напредок во однос на постојните балистички проектили со коишто располага Пјонгјанг.

Резолуцијата на Советот за безбедност при ОН ги забранува сите нуклеарни и тестирања на балистички проектили во Северна Кореја, поради што на земјата ѝ се наметнати широки остри санкции.

Сверна Кореја повторува дека е отворена за преговори, но само доколку САД и нивните регионални сојузници се откажат од непријателската политика кон неа, односно од размесувањето стратешко вооружување и големи воени единици во регионот, како и откажување од големите воени американско-јужнокорејски маневри кои двапати годишно се одржуваат на Корејскиот полуостров.