Северна Кореја му се заканува на Трамп со навреди

41

Северна Кореја се заканува дека ќе продолжи со навреди кон американскиот претседател Доналд Трамп и ќе го смета за „сенилен старец“ доколку продолжи да користи зборови кои ја провоцираат земјата.

Тоа го изјави првата севернокорејска потпретседателка за надворешни работи Чо Сон Хуи неколку дена откако Трамп зборуваше за евентуална воена опција против таа држава и продолжи да го нарекува нејзиниот лидер Ким Џонг-ун „ракетен човек“.

Чо истакна дека нејзиното Министерство „не може да го прикрие своето незадоволство“ поради коментарите на Трамп. Таа оцени дека Трамп, доколку продолжи со таквите коментари и провокации на сметка на Северна Кореја, „повторно ќе покаже дека е сенилен старец“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.