Северна Кореја првпат на Минхенската безбедносна конференција

Северна Кореја првпат е поканета да учествува на годишнешната меѓународна конференција за безбедност во Минхен во февруари, голем собир на светски дипломати и министри за одбрана, соопштија во четвртокот организаторите.

Пјонгјанг во Минхен ќе го испрати министерот за надворешни работи Кин Сон Гјонг, изјави за медиумите еден од портпаролите.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео и иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф, исто така, се меѓу функционерите кои се очекуваат во Минхен, но засега не е познато дали се предвидени билатерални средби.

Иран и Северна Кореја се протагонисти на контроверзни нуклеарни програми и поради нив се во судир со САД. Северна Кореја во вторникот порача дека би можела „да тргне по нов пат“ во одбрана на своите интереси и забрзување на својата програма за вооружување по новите американски санкции, додека преговорите меѓу двете земји и натаму се во слепа улица.

Листата на учесници во Минхен сѐ уште не е затворена. САД ќе испрата тројца високи функционири, државниот секретар Мајк Помпео, министерот за одбрана Марк Еспери и членичката на демократите во Претставничкиот дом на Конгресот, Ненси Пелоси.

Секоја година од 1963 година, на Конференцијата во Минхен за безбедноста присустуваат десетиции шефови на држави и влади. Годинава се одржува во атмосфера на големите тензии на Блискиот исток и конфликтот меѓу Вашингтон и Техеран.