Северна Кореја со истрелување нов проектил порача остра реакција на новите санкции

REUTERS/Kim Hong-Ji

Северна Кореја во петокот утрото го лансираше третиот проектил за една седмица, само неколку часа откако го критикуваше новиот притисок од САД со нови санкции поради неодамнешните лансирања проектили како „провокации“ и предупреди на жестока реакција.

Заедничкиот комитет на началниците на генералштабовите на Јужна Кореја објави дека Северна Кореја лансирала засега неидентификуван проектил, без да даде повеќе поединости. Јапонската крајбрежна стража истовремено соопшти дека Пјонгјанг истрелал нешто што би можело да биде балистички проектил.

Северна Кореја ги брани своите тестирања на проектили како легитимно право на самоодбрана и воздржување на напад од страна на САД кои ги обвинува дека намерно предизивкуваат ескалација на ситуацијата со наметнувањето на новите санкции, објавија севернокорејските медиуми претходно во петокот, цитирајќи го министерството за надворешни работи.

Неодамнешниот развој на „нов тип оружје“ во Северна Кореја е само дел од нејзините напори да ги модернизира своите одбранбени можности и не е насочен на ниедна друга земја, ниту на наришување на безбедноста на соседните држави, соопшти министерството за надворешни работи во изјавите кого го цитира државната новинска агенција KCNA.

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден од средата ги наметна своите први санкции поради севернокорејската програма за развој на нови вооружувања по низата лансирања проектили, вклучително и за двата од минатата седмица за кои Пјонгјанг тврди дека се успешни тестови на хиперсонична ракета.

Со санкциите се опфатени шест лица од Северна Кореја, еден Русин и руска компанијата за коишто во Вашингтон велат дека се наводно одговорни за набавка стоки за програмите од Русија и од Кина. Американското министерство за финансии објави дека целта на санкциите е да се спречи напредувањето на севернокорејските програми и тамошните обиди за развој на нови технологии во вооружувањето.

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден од почетокот на неговиот мандат пред две години безуспешно се обидува да го привлече Пјонгјанг на продолжување на дијалог за да го увери да се откаже од развојот на нуклеарно оружје и интерконтинентални балистички ракети.

Но Северна Кореја повторува дека е отворена за преговори, но само доколку САД и нивните регионални сојузници се откажат од непријателската политика кон неа, односно од размесувањето стратешко вооружување и големи воени единици во регионот, како и откажување од големите воени американско-јужнокорејски маневри кои двапати годишно се одржуваат на Корејскиот полуостров.