Севернокорејскиот водач Ким Џонг-ун го надгледуваше тестот на крстосувачка ракета лансирана од подморница во неделата, објавија во понеделникот државните медиуми.
Станува збор за ракета од типот „Pulhwasal-3-31“ за која Северна Кореја соопшти дека ја развива и тестира минатата недела, објави службената новинска агенција KCNA.
Ким, како што извесува агенцијата, ја разгледал изградбата на подморница на нуклеарен погон, нарекувајќи го нуклеарното вооружување на неговата морнарица итна национална агенда.
Војската на Јужна Кореја соопшти дека Северна Кореја истрелала повеќе крстосувачки ракети во морето во близина на нејзиниот источен брег во неделата наутро, без да даде поединости.
Пјонгјанг тестира истрелување крстосувачки балистички проектили од подморицни од подводни позиици уште од март 2023 година, кога беа гаѓани подводни цели.
Кореја и покрај жестоките меѓународни санкции со години работи на развој на балистичките проектили. Вообичаено станува збор за проектили „земја-земја“ коишто зависно од дизајнот можата да носат една или повеќе нуклеарни боеви глави. Модерните SLBM, исто така, се дел од развојот на тој тип оружје.
Резолуциите на Обединетите нации му забрануваат на Пјонгјанг тестирање проектили со технологија на балистички ракети, како и спроведување нуклеарни тестови.
Северна Кореја уште од 2022 година тврди дека целосно ја владее современата SLBM технологија. Но нејзините тврдења за претходните пробни лансирања од подморници западните стручњаци ги оспоруваат. Се сомневаат дека Пјонгјанг можеби за таа цел користи подводна платформа. Инаку, проектилите лансирани од подморници се потешки за откривање.