Северна Кореја тврди 700 деца сираци сами се пријавиле да работат во рудник

29

Севернокорејските државни медиуми тврдат дека во таа држава сирачиња доброволно се пријавиле за работа во државните рудници и на нивите, пренесува Би-би-си.

Државната новинска агенција КЦНА јави дека повеќе стотини деца „во цветот на младоста одважно и мудро“ одбрале да извршуваат физички работи за државата.

Нивната возраст не е објавена, но според фотографиите може да се заклучи дека се работи за тинејџери.

Групите за заштита на човековите права веќе подолго време ја обивинуваат Северна Кореа дека ги користи децата за принудна работа, што властите упорно го негираат.

„Доброволно се јавија 700 сирачиња“

КЦНА во саботата јави дека за работа во фабрики, на земјоделски добра и во шуми доброволно се јавиле 700 сирачиња.

Во четвртокот таа државна агенција објави дека „десетици сирачиња нагрнале во рударски комплекс за експлоатација на јаглен на потегот на Чонаја, сакајќи да ја испочитуваат заклетвата за тоа на државата да и вратат милионити дел од љубовта што им ја искажала партијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.