Северна Кореја успешно тестирала крстосувачка ракета со долг достел

(AP Photo/Lee Jin-man)

Сверна Кореја во текот на изминатиот викенд извела успешни тестови на нов тип крстосувачка ракета со долг дострел, објави нејзината службена новинска агенција KCNA.

Ракетите, како шти се известува лансирани на 11-ти и 12-ти септмеври, летале 7.580 секунди по должина на тракеториите над територијата и територијалните води на Северна Кореја и ги погодиле целите во морето на оддалеченост од 1.500 километри.

Развојот на проектилите има „стратешко значење во поседувањето уште едно ефикасно средство за одвраќање и за посигурни гаранции за безбедноста на нашата држава и силно зауздување на воените маневри на непријателските сили“, објави KCNA.

Во информацијата се истакнува и дека „биле успешно тестирани делови од ракетата (…) мотори, разни летачки проверки, проверка на системот за управување и наведување, испитување на (…) боеви глави и друго…“.

Преговорите за запирање на севернокорејската нуклеарна програма запреа од 2019 година. Администрацијата на сегашниот американски претседател Џо Бајден најави дека ќе бара дипломатски пат за денукеларизација на Корејскиот полуостров, но не покажа волја да ги прифати повикот на Северна Кореја да ги ублажи острите санкции.

Заживувањето на меѓукорејските директни телефонски врски во јули ги вратија надежите во враќање на преговорите за денуклеаризацијата. Меѓутоа, Северна Кореја потоа престана да ја користи врската, поради тоа што Јужна Кореја и САД во август ги оддржаа своите редовини масивни воени вежби, кои Пјонгјанг ги оценува како закана за безбедноста и предупреди дека може да поттикне поширока безбедносна криза во регионот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.