Северна Кореја веројатно истрелала интерконтинентален проектил близу Јапонија

Северна Кореја наводно истрелала интерконтинентална балистичка ракета (ICBM) кој во петокот паднал на само околу 200 километри од Јапонија, а која има доволен дострел да го досегне и копното на САД, соопштија јапонски функционери за новинарите.

Лансирањето, за коешто известија јужнокорејските и јапонските власти, следеше ден по истрелувањето на балистичка ракета со помал дострел при што Северна Кореја предупреди и најави на „пожестоки воени одговори“ на јакнењето на регионалното воено присуство на САД во регионот и зачестените големи воени вежби меѓу американските, јужнокорејските и јапонските војски.

Северна Кореја, којашто поседува нуклеарно вооружување, годинава изведе рекорден број тестирања и лансирања на својата ракетна програма, а според процените на американскиот Стејт департмент, ова беше осмото тестирање на ICBM годинава.

Интерконтиненталната балистичка ракета е севернокорејско оружје со најголем дострел, дизајнирано да понесе нуклеарна боева глава до која и да е локација на територијата на САД.

Јапонскиот министер за одбрана Јасуказу Хамада изјави дека истреланата во петокот севернокорејска ракета може да прелета дури 15.000 километри, додека генералниот секретар на владиниот кабинет Хироказу Мацуно изјави дека ракетата летала на височина од 6.000 километри со дострел од 1.000 километри пред да падне во морето на околу 200 километри западно од островот Ошима во префектурата Хокаидо,

Лансирањето на интерконтиненталната балистичка ракета наиде на моментална осуда од Јапонија, Јужна Кореја и САД. Јужнокорејскиот претседател Јун Сеук-јеол веднаш се заложи за посилни санкции против Северна Кореја, додека од американскиот Совет за национална безбедност порача дека лансирањето претставува дрско кршење“ на повеќето резолуции на Советот за безбедност при ОН, дека непотребно се крева тензијата и се ризикува дестабилизација на безбедносната ситуација во регионот.

Јапонскиот премиер Фумио Кишида, пак, му порача на Пјонгјанг дека Токио „апсолутно не може да толерира такви акции“.

Челниците на трите земји, заедно со другите, во петокот ќе одржат итен состанок поради севернокорејските лансирања на маргините на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (APEC).

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.