Северна Кореја вети проширување и интензивирање на воените вежби

Највисоките севернокорејските воени предупредија дека ќе ги прошират и интензивираат воените вежби за да ја обезбедат подготвеноста на земјата за одбрана во евентуална војна, известија во вторникот државните медиуми во пресрет на големата воена парада.

Ветувањето севернокорејскиот воен врв го дал на состанокот во понеделникот на кој присуствувал и водачот Ким Џонг-ун, а по минатонеделните нови заеднички воздушни воени вежби на силите на Јужна Кореја и САД.

„Главна точка на дневниот ред беше прашањето на постојаното ширење и интензивирање на операциите и борбените вежби (на Корејската народна војска)… стрино усовршувајќи ја подготвеноста за војна“, објави службената Корејска централна новинска агенција (KCNA).

Состанокот на централниот воен комитет на Северна Кореја се одржува во моментот кога снимки од американските комерцијални сателити покажуваат дека во Пјонгјанг се во тек „опсежни подготовки за парада“, во пресрет на најважните државни празници во февруари, пишува Reuters.

Северна Кореја во среда ја слави годишнината од основањето на своите вооружени сили и Денот на сјајната ѕвезда на 16-ти февруари кога е роденденот на Ким Џонг-ил, сонот на основачот на Северна Кореја, Кин Ил Сунг и татко на Ким Џонг-ун.

Од јужнокорејскиот Здружен штаб на началниците на генералштабовите изјавија во вторникот дека внимателно се следи областа околу полигонот за паради во Пјонгјанг, додавајќи дека последните денови е забележано „големо зголемување на бројот на персонал и возила“.

Од минатата година САД и Јужна Кореја, заедно со Јапонија, продолжија со зголемување на масивноста и бројот на воените маневри, со изговор дека Северна Кореја тестира оружја со што ги крши меѓународните санкции. Тоа го разгневи Пјонгјанг кои таквите заеднички вежби на Вашингтон и Сеул ги смета за подготовка за инвазија

Минатата седмица САД и Јужна Кореја организираа заеднички воздушни вежби во коишто учествуваа стратешки бомбардери и стелт ловци, поради што Северна Кореја предупреди дека таквите маневри би можело да „запалат сеопшт судир“. Министерот за надворешни работи Северна Кореја рече дека потегот да се зајакнат заедничките вежби ја минал „последната црвена линија“.

Во понеделникот министерството за одбрана во Сеул соопшти дека севернокорејски балон минал во јужнокорејскиот воздушен простор во текот на изминатиот викенд, но заклучило дека не претставувал закана. Се верува дека станува збор за метеоролошки балон, известува јужнокорејската новинска агенција Yonhap повикувајќи се на функционери, а министерството соопшти дека „преземало мерки“ без да наведува поединости.

Извештајот е објавен откако САД потврдија дека го соборил кинескиот балон за кој тврди дека е шпионски, а Кина рече дека станувало збор за цивилен балон кој случајно влегол во американскиот воздушен простор.

Експертите велат дека целта на состанокот на највисоките воени челници на Северна Кореја во понеделникот е да се истакне подготвеноста на земјата да се соочи со претстојните заеднички воени вежби меѓу Јужна Кореја и САД, но и да се нагласи дека е подготвена за вистинска војна.