Северна Кореја забрани туристички посети на државата поради корона вирусот

Северна Кореја привремено им забрани на странските туристи да влезат во земјата, поради појавата на новиот коронавирус во Кина, објави денеска кинескиот тур-оператор Јанг Пајонер Турс.

Одлуката е донесена затоа што најголем број туристи доаѓаат од Кина, а потегот е донесен како превентивна мерка.

Таа одлука ќе важи се додека вирусот не се стави под контрола.

Во Северна Кореја, една од најголемите индустрии со кои буџетот се полни со девизи е туризмот, пред се заради санкциите што ги воведоа САД и западни држави.