Северна Кореја истрела во четвртокот салва крстосувачки ракети земја-море, со што повторно демонстрираше дека е подготвена да продолжи, и покрај меѓународните предупредувања, со своите програми за ракетно и нуклеарно вооружување.
Ова тестирање е извршено помалку од една седмица откако дополнително беа заострени меѓународните санкции против Пјогнјанг поради неодамнешната серија лансирања балистички проектили.
„Северна Кореја утрово истела неколку неидентификувани проектили, веројатно крстосувачки ракети од типот земја-море, од областа во близина на Вонсан“, крајбрежен град на истокот од земјата, соопшти јужнокорејското министерство за одбрана.
Станувазбор за тестирање на ракетио со кус дострел, коишто според оцената на портпаролот на јужнокорејската армија не претставува кршење на резолуциите на Обединетите нации.