Северна Кореја истрелала неидентификуван проектил

Северна Кореја лансирала во четвртокот неидентификуван пректил, објави војската на соседна Јужна Кореја, помалку од седмица откако севернокорејскиот челник Ким Џонг-ун лично го надлгедуваше пробното лансирање на повеќе видови ракети и проектили со кус дострел.

Пороектилот бил истралан околу 4,30 по локално време од северозападниот град Сино-ри во источен правец, соопшти командата на јужнокомерејската армија без да наведе други поединости. Неименуван јужнокорејски функционер изјавил дека проектилот прелетал 420 километри. Тоа е повеќе од дострелот на ракетите истрелани во саботата кога Северна Кореја лансираше неколку ракети од својот источен брег во океанот.

Но тогаш Пјонгајнг истрела и најмалку еден балистички проектил со кус дострел кој може да прелета до 500 километри, што севернокорејската страна го нарече „регуларна и одбранбена вежба“.

„Тоа не претставува ништо друго освен дел од регуларната воена обука. Вежбата не беше насочена кон никого, ниту резултираше со влошување на состојбите во регионот“, рекол неименуван портпарол на севернокорејското министерство за надворешни работи цириран од службената новинска агенција KCNA.

Вежбата во саботата беше првиот тест на балистички проектили кој го изведе Северна Кореја од ноември 2017 година, кога истрела интерконтинентален блаистички проектил со долг дострел, кој може да понесе нуклеарна боева глава и да достигне цели на територијата на САД.