Северна Кореја јавно ќе ја уништи локацијата за нуклеарни тестови

Пјонгјанг тврди дека ја демонтирал својата единствена позната локација за нуклеарен тест, при што новинарите сведочеа на експлозиите.

Северна Кореја тврди дека ја расклопила својата единствена позната локација за нуклеарни тестови, детонирајќи експлозиви и рушејќи ги нејзините влезови, пред меѓународните телевизиски екипи во мошне симболичен потег.

Том Чешир, дописник за Скај њуз од Азија, кој беше еден од новинарите што беа поканети да го гледаат уривањето, рече: „Се искачивме по планините и ја гледавме детонацијата од околу 500 метри. Тие броеја: три, два, еден. Имаше огромна експлозија, можеше да се почувствува. До нас дојде прашина, топлина. Беше многу гласно“.

Овој гест е знак дека лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, го остварува своето ветување дека ќе ги прекине нуклеарните тестови пред планираниот самит со Доналд Трамп на 12 јуни во Сингапур.

И покрај спремноста на Северна Кореја да ја затвори локацијата, војната на зборови меѓу Пјонгјанг и Вашингтон неделава фрли темен облак врз самитот, па сега двете страни почнаа да се закануваат дека ќе ги одложат или ќе се повлечат од разговорите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.