Северна Кореја најавува четврта нуклеарна проба

Северна Кореја предупреди дека „не ја исклучува“ можноста да изврши четврта нуклеарна проба како одговор на заедничките воени вежби  на Јужна Кореја и САД и на последните обвиненија од Обединетите нации.

„Не исклучуваме нова форма на нуклеарна проба со цел да се зајакне нуклеарното оружје“, соопшти севернокорејското Министерство за надворешни работи.

Во петокот Советот на ОН за човекови права најави дека разгледува санкции и меѓународна судска истрага против севернокорејските лидери поради злосторства против човештвото.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.