Северна Кореја предупредува на сѐ поголема опасност од војна

Северна Кореја во саботата на одбележувањето на првата годишнина од историскиот самит меѓу севернокорејскиот и јужнокорејскиот претседател, предупреди на „сѐ поглемата опасност од избувнување војна“, а Јужна Кореја годишнината ја одбележа со свеченост којашто Пјонгјанг ја бојкотираше.

Во долгото соопштение коешто го пренесе службената севернокорејска новинска агенција KCNA, Комитетот за мирно обединување на двете држави. со седиште во Северна Кореја задолжен за односите со Јужна Кореја. го повика Сеул „поактивно да се ангажира“ на подобрување на меѓусебните односи.

„Би можело да дојде до неповолна состојба, којашто би можела да резултира со враќање во минатото и иминентата катастрофа, поради сѐ поголемата опасност од избувнувањето војна“, се истакнува во писмената изјава на Комитетот кој одговорноста ја става на САД, сметајќи дека оваа велесила врши притисок врз Јужна Кореја.

Во таквиот контекст Пјонгјанг не одговори на поканата којашто минатата седмица му ја упати Сеул, а станува збор за учество на свеченоста организирана во саботата во пограничното село Пунмунџом во Демилитаризираната зона која на два дела го дели Корејскиот полуостров. Таму денеска беше одбележана годишнината од одржувањето на првиот самите меѓу севернокорејскиот челник Ким Џонг-ун и јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин.

„Станува збор за нов пат на кој треба да тргнеме заедно. Понекогаш би требало да почекаме да нѐ стасаат оние кои напредуваат малку побавно“, рече во водео-пораката јужнокорејскиот претседател Мун кој во саботата не допатува во Пунмуџом.

По двегодишното кулминирање на тензииите, поради што Корејскиот полуостров се најде на самиот раб од нуклеарен судир, во 2018 година се случи меѓукорејското зближување. Но една година подоцна нема знаци за никаков напредок кога е во прашање главниот проблем: нуклеарниот и балистичкиот арсенал на Северна Кореја. И дипломатскиот процес западна во ќорсокак ппо пропаднатиот втор самит меѓу Ким и американскиот претседател Доналд Трамп во февраури во Ханој.