Северна Кореја тестирала ново тактичко оружје, не го сака веќе Помпео во преговорите

Северна Кореја во четвртокот тестирала нов тип тактичко вооружување, објави службената новинска агенција KCNA, која истовремено пренесе дека Пјонгјанг не сака повеќе американскиот државен секретар Мајк Помпеo да учествува во нуклеарните преговори.

Севернокорејскиот челник Ким Џонг-ун личнo го надгледувал лансирањето на оружјето кои било насочено на повеќе цели. KCNA пренесува дека Ким рекол дека „развојот на оружениот систем е настан од голема важнсот за зголемување на борбената способност на војската“.

Сооопштението е објавено во моментите кога се појавија извештаи за тоа дека е забележана активност во истражните центри во Северна Кореја, за кои се верува дека служат за развој на ракети со долг дострел, кои би можеле да достигнат цели на територијата на САД, пишуваат американските медиуми.

Белата куќа објави дека е запознаена со настанот, но не објави никакво коментар. Станува збор за првото севернокорејско јавно тестирање оружје од вториот самит со САД во виетнамската престолнина Ханој во февруари. Исто така, тоа се случува веднаш откако руски медиуми ја објавија официјално непотврдената информација дека кон крајот на април во Владивосток, на рускиот Далечен исток, ќе се одржи самит меѓу севернокорејскиот челник Ким Џонг-ун и рускиот претседател Владимир Путин.

Во извештајот на KCNA не се појаснува за какво оружје станува збор, но „тактичко“ вообичаено се однесува на оружјето со кус дострел, за разлика од балистичките ракети со долг дострел кои се сметаат за закана за САД, забележува Reuters. Севернокорејската агенција наведува само дека оружјето има „посебена форма на наведување“ и „силна боева глава“.

Истовремено агенцијата објави дека Пјонганг повеќе не сака американскиот државен секретар Мајк Помпео да учествува во нуклеарните преговори со Вашингтон, и посакува некој кој е „повнимателен и позрел во комуникацијата“.

KCNA, исто така, објави цитирајќи ја изјавата на Квон Џонг Гун, висок функционер во министерството за надворешни работи, дека „никој не може да ја предвиди“ ситуацијата на Корејскиот полуостров доколку САД не се откажат од „клучната причина“ поради којашто Пјонганг бил присилен да ја развива нуклеарната програма, без дополнителни поединости во изјавата.

„Се плашам дека атмосферата ќе биде лоша и дека разговорите повторно ќе заглават доколку Помпео продолжи да учествува во разговорите… Последично, во случај да дојде до можно продолжување на дијалогот со САД, се надевам дека наш колега нема да биде Помпео…, туку личност којашто ќе биде повнимателна и позрела во комуникацијата со нас“, рекол Квон кого го цитира KCNA.