Северна Кореја тестирала оружје со долг дострел, Трамп смета дека не подготвена за преговори

Северна Кореја во петокот објави дека тестирала оружје со „долг дострел“, со што ги зголеми тензиите со САД откако американски суд заплени севернокорејски товарен брод под обвинение дека ги крши меѓународните санкции, и отако американскиот претседател Доналд Трамп претходно во четвтокот рече дека Вашингтон „многу сериозно“ гледа на најновите севернокорејски лансирања и дека иако Пјонгјанг сака нови преговор, тој смета дека оваа земја сѐ уште не е подготвена за тоа.

Обајвувањето на Пјонгјанг е противречно на информациите на јужнокорејската војска којашто извести дека во четвртокот се истрелани две ракети со кус дострел кои летале 420 односно 270 километри. Ова пробно лансирање се случува во време кога Стивен Биеган, специјалниот америклански пратеник за Северна Кореја престојува во јужнокорејската престолнина Сеул.

„Врховниот водач Ким Џонг-ун се запозна со планот за изведување на вежба (…) со помош на неколку ударни средства со долг дострел и идаде наредба вежбата да започне“, објави службената севернокорејска новинска агенција KCNA, без да го наведе типот на тестираното оружје и внимавајќи да не биде употребен терминот „ракета“.

Американскиот претседател Доналд Трамп, кои истакна дека „сериозно“ ја проучува ситуацијата и кој редовно истакнува дека одржува „квалитетни“ односи со севернокорејскиот челник, отворено се запраша дали Ким Џонг-ун навистина има волја сериозно да преговара за денуклеаризацијата на Корејскиот полуостров.

„Гледаме на тоа многу сериозно. Помали се проектилите, и со помал дострел. Никој не е среќен поради ова што се случува. Односите продолжуваат, ќе видиме“, изјави Трамп пред новинарите во Белата куќа, зборувајќи за лансирањето „ракето со кус дострел“ и велејќи дека Северна Кореја всушнпст не е „подготвена за преговори“.

Северна Кореја официјално не лансираше ниту една ракета од 29-ти ноември 2017 година кога тестираше интерконтинентална блаистичка ракета, со којашто, како што тврди, може да гаѓа која и да е цел на американска територија. Но во саботата истрела повеќе проектили, а ескпертите сметаат дека меѓу нив имало најмалку една ракета со кус дострел.

Јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин предупреди дека лансирањето проектили во четвртокот „би можело да ги отежне преговорите“ со САД за денуклеаризацијата.

„Освен што сака да докаже дека овие воени програми се сѐ помоќни, очигледно е дека Ким сака да им покаже на Американците и на нивните сојузници дека Пјонгјанг, доколу овие не бидат подогтвени да попуштат во врска со условите за денуклеаризацијата, ќе оди по својот пат“, коментира Хари Казианс од американскиот конзервативен институт Center of the National Interest.