Северна Митровица преплавена со руски знамиња и натписи: Со нас е Бог!

Во пресрет на денешната посета на рускиот претседател Владимир Путин во Србија, северниот дел на Косово е преплавен со руски знамиња и се поставени билборди на кои се искажува благодарност за помошта во одбраната на државните и националните интереси на Србија и на Србите во Косово.

Долж улицата „Крал Петар“, на шеталиштето во Северна Митровица, покрај српското, се вејат и знамиња на Русија, а слично е и во Звечане, Лепосавиќ и Зубин Поток.

Билбордите се испечатени на руски јазик, а на нив пишува: „Ние сме браќа” и „Со нас е Бог”.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.