Северна Рајна Вестфалија по повикот за помош за отплата на долгот доби 2 цента

Повикот на власта на германската сојузна земја со најголем број население Северна Рајна Вестфалија, за помош во донации со цел да го исплати големиот државен долг, не доби соодветен позитивен одговор.

Одговарајќи на прашањето поставено во покраинскиот парламент во Диселдорф, портпаролот на министерството за финансии рекол дека во 2015 година, кога повикот бил упатен, уплатени се само 2 цента од еврото.

Следната 2016 година сумата се зголемила на 3.500 евра, а во 2017 година повторно се намалила и изнесувала 2.000 евра. Во текот на минатата 2018 година, пак, немало ниту една донација, а ниту до половината на 2019 година не е евидентирана ниедна уплата.

Потенцијалните донатори уплатите може да ги извршат на која и да е покраинска сметка, со појаснување дека станува збор за донација, појасни портпаролот на министерството за финансии, изразувајќи надеж во поголем ентузијазам на своите сограѓани.