Северноирската полиција тврди дека имало обид за смртоносен напад

Полицијата на Северна Ирска објави во саботата дека верува оти дисидентски републиканци се обиделе во текот на минатата ноќ во вооружен напад да убијат припадници на тамошната полиција.

Полицијата наведува дека околу полноќ добила извештај за силна експлозија во градот Крејгавон, а веднаш потоа еден весник во Белфаст добил телефонски повик во кој било наведено дека било истрелано експлозивно тело чија цел била полициска патрола, но оти таа била промашена.

„Веруваме дека средството било исправно, и оти станува збор за обид на дисидентските републикански терористи да убијат наши полицајци“, се наведува во соопштението на северноирската полиција.

Претходно во јуни полицијата откри бомба подметната под полициска автомобил во Белфаст, за којашто се претпоставува дека ја подметнале милитантните ирски националисти.

Мировниот договор од 1998 година во голема мера стави завршување на секташкото насилство кое три децении ја разоруваше Северна Ирска, но полициски службеници се повремено цели на напади на мали групи, главно од редовите на републиканците кои се противат на англиската власт во оваа покраина на Обединетото Кралство.