Севернокорејски функционер го нарече Трамп „безглав и безобразен старец“

Сателитските фотографии покажуваат дека Северна Кореја тестирала нов мотор за проектили, а висок финкционер од Пјонгјанг во понеделникот го нарече американскиот претседател Доналд Трамп „безглав и безобразен старец“.

Потпретседателот на владејачка Работничка партија на Кореја, Ким Јонг Чол го опиша американскиот претседател Доналд Трамп како нестрплив, и го нападна поради неговата реторика. Чол предупреди дека севернокорејскиот челник Ким Џонг-ун би можел да ги промени својот став за Трамп, доколку овој продолќи со „несоодветните и високоризични зборови и изрази“.

Неговата изјава доаѓа како одговор на неделниот коментар на Трамп дека лидерот на Северна Кореја „може премногу да загуби“

„Ким Џонг-ун е премногу паметен и може премногу да загуби, всушност сѐ, доколку постапува на непријателски начин. Тој потпиша силен договор за денуклеаризација со мене во Сингапур. Тој не сака да го расипе својот пригвилегиран однос со американскиот претседател, ниту да се меша во американските претседателски избор следниот ноември“, напиша Трамп на Twitter алудирајќи на историскиот самит меѓу американски и севернокорејски претседател во Сингапур во 2018 година.

Според Чол, овие коментари укажуваат дека Трамп е „старец лишен од трпени“. „Бидејќи тој е толку безглав и безобразен старец, времето кога нема да можеме да го нарекуваме поинаку отколку ‘сенилна личност’ може повторнио да настапи. Немаме повеќе што да загубиме“, порача во понеделникот вториот човек на владејачката севернокорејска партија.

Северна Кореја во неделата извела, како што соопшти Пјонгјанг, „многу важен“ тест кој ќе има „значителен ефект на промена на стратешката позиција на Северна Кореја“.

Комерцијалните сателитски фотографии на веб-страницата Planet Labs, направени во саботата, покажуваат возила и опрема за која се наведува дека најверојатно е користена во тестирањето на моторот за прокетили, рече Џефри Луис, директор на Источноазиската програма за непролиферација при Иснтитутот за меѓународни студии Мидлбери во Калифорнија.

Тензиите растат во последните неколку седмици, бидејќи Пјонгјанг повторно изведе ноза тестирања на ново вооружување. По опасниот пораст на тензиите, САД и Северна Кореја започнаа дијалог по историската средба на двајцата челници во јуни 2018 година во Сингапур. Но вториот самит во февраури годинава во виетнамската престолнина Ханој, не даде напредок и преговорите од тогаш се во застој. И додека разговроите за севернокорејските нуклеарни и балистички програми се во слепа улица, Северна Кореја им даде рок на САД до крајот на декември да ѝ понудат нов договор кој неминовно ќе предвидува брзо симнување на санкциите.