Севернокорејски хакери се обиделе да ја украдат технологијата за вакцината на „Pfizer“

Северна Кореја се обидела од американската фармацевтска компанија „Pfizer“ да ја украде технологијата за производство на вакцината против Covid-19, тврди јужнокорејската разузнавачака служба, пренесува во вторникот службената јужнокорејска новинска агенција Yonhap.

Во извештајот на Yonhap не се наведува кога наводниот севернокорејски хакерски напад се случил, ниту дали бил успешен.

Минатата година севернокорејските хакери се обиделе да хакираат најмалку девет здравствени организации, вклучувајќи ги фармацевтските компании „Johnson&Johnson“, „Novavax“ и „AstraZenecа“, кои исто така развиваат вакцини против коронавирусот.

Јужнокорејската разузнавачка агенција објави дека ги спречила обидите на Северна Кореја да ги хакира јужнокорејските компании кои развиваат или имаат договори за производство на вакцините против коронавирусот.

Кибернетичките напади врз здравствени организации и научни институции зачестиле во текот на пандемијата, а честопати за тоа е обвинувана Северна Кореја. Стручњаците сметаат дека на севернокорејските хакери повеќе не им е цел да ги продаваат украдените податоци, туку да ги користат за развој на домашна вакцина против Covid-19.

Северна Кореја би требало да крајот на првата половина на годината да добие речиси два милиона дози од вакцината на „AstraZeneca“ преку меѓународната прогама Covax.

Севрна Кореја не потврди досега ниеден случај на зараза со короанвирусот, но јужнокорејските разузнавачи сметаат дека заразата не може да се исклучи, бидејќи земајата оддржува трговскии сообраќајни врски со Кина пред затворање на границата на почетокот од 2020 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.