Севилја го урна Атлетико

21

Во дербито од 29-то коло на шпанското фудбласко првенство Севилја со 1:0 го совлада водечкиот мадридски Атлетико, прекинувајќи ја својата низа од пет натпревари без порази.

Единствениот погодок го постигна Маркос Акуна во 70 минута, на асистенција на Жезус Навас. Севилја можеше да дојде до водство уште во 8 минута но ударот од најстрогата казна на Лука Окампос го одбрани словенечкиот голман на Атлетико, Јан Облак, кој одбрани пенал втор меч по ред.

Атлетико не успеа да ја продолжи серијата од пет натпревари, со три победи и две ремија, во шпанското првенство. Пртходниот пат тимот на Диего Симеоне беше поразена на 20-ти февраури дома од Леванте со 0:2.

Со овој пораз Атлетико дополнително ја нарави интерсна трката за титула во Ла Лига, остана прв на табалета со 66 бодови, но сега има само три бодови предност пред вториот Реал Мадрид, а Барселона е трета со 62 бодови, но има натпревар помалку кој ќе го одигра во понеделник дома со Вајадолид. Севилја е четврта со 58 бодови.

Во претходно одиграниот натпревар Кадиз ја совлада Валенсија со 2:1, а мечот го одбележа долгиот 20 минутен прекин поради наводен расистички испад.

Фудбалерите на Валенсија го напуштија теренот во 30 минута откако бекот Муктар Диакаб го обвини за расистички навреди домашниот бекл Хуан Кала. Играчите се вратија на теренот но без Францизинот кој побарал да биде заменет но и неговите соиграчи да го продолжат мечот.

Кадиз поведе токму преку Кале во 14 минута, а израмни Гамеиро пет минути подоцна, а победата на домашните ја донесе Лопез во 88 минута.

Кадиз моментално е на 13-то место со 32 бодови, додека Валенција е место погоре со бод повеќе.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.