Севилја и Барселона како домаќини само со бод, Меси го израмни рекордот на Пеле

Свилја и Вајадолид одиграа без победник во последниот натпревар од саботната програма во шпанската Ла Лига од 14-то коло во кое претходно Барселона дома одигра нерешено со Валенсија, а Аргентинецот Лионел Меси го израмни рекордот на славниот Бразилец Меси според бројот постигнати голови за едн клуб.

На стадиотно „Рамон Санчес Пизхуан“ тимот од Андалузија поведе во 31 минута кога Лукас Окампос реализираше пенал. До 87 минута Севилја ги имаше трите бода в раце, но тогаш 31-годишниот Раул Гарсија со одличен волеј од работ на шеснаесетникот го постигна својот прв погодок во шпанската Примера и му донесе важен бод на Вајадолид.

Севилја од 12 кола освои 20 бодови и моментално е на шестото место, додека Вајадолид сега со 14 бодови од 14 кола е на 17-то место, едно над зоната на испаѓање.

Фудбалерите на Леванте освоија три важни бода во борбата за опстанок совладувајќи го на домашен терен второпласираниот Реал Сосиедад. Гостите поведоа во 22 минута преку Александер Исак, но вече во 28 минута за домашите изррам и Рожер Марти, а во 87 минута сите три бода ги обезбеди Хорхе де Фрутос.

Лаванте сега од зоната на испаѓање скокна на 14-то место со 14 бодови, а Реал Сосиедад остана моментално второпласиран со 26 бодови но од 15 кола, исто колку што има и Реал Мадрид од 13 кола.

Осасуна, пак, остана во зоната на испаѓање откако на свој терен со 1:3 беше поразена од Вилјареал. Веќе во 7 минута гостите поведоа со голот на Жерард Морено. Во 19 минута домашните останаа без исклучениот Аридане Ернандез Умпиерез, што го искористи Вилјареал десет минути подоцна да го удвои водството со голот на Фернандо Нињо. Роберто Торес во 70 минута од пенал ги врати надежите на Осасуна дека би можела да го избегне поразот, но Морено со својот вотр погодок во 86 минута ги потопи сите шанси за тоа.

Осасусан од 13 кола има 11 бодови и е на последното 20-то место, три бода помалку од безбедната зона, а Вилјареал со 25 бодови од 14 кола е на четвртото место.

Фудбалерите на Барселон повторно со несигурност во одбраната и многу пропуштени шанси не успеаја да дојдат до трите бода на својот „Камп Ноу“ против Валенсија и одиграа 2:2. Гостите поведоа со голот на Муклар Диакаби во 29 минута, а Лио Меси израмни од четвртата минута.

Гостинскиот голман Доменех, кој денеска имаше неколку одлучни интервенции, го одбрани прво ударот на Аргентинецот од белата точка, но по неколкуте одбивања топката повторно дојде до главата на Меси кој од непосредна близина ја погоди мрежата. Со овој погодок во 747 натпревар за Барселона Меси го постигна 643 погодок, со што се израмни со Пеле споре бројот постигнати голови за еден клуб, а Бразилецот тоа го стори во дресот на Сантос во матичното првенство.

Барса во 52 минута направи резултатски пресврто со одлуичниот погодок од полуволеј на Роналд Араухо, но Валенсија израмни на 2:2 во 69 минута преку Макси Гомез.

Барселона која во шпанското првенство игра променлив по двете победи забележа реми и со 21 бод од 13 кола моментално е на петтото место, додека Валенсија и петто коло е без победа (четири ремија и еден пораз), и со 15 бодови од 14 кола е на 12-то место.

Во првиот саботен натпревар Атлетико Мадрид немаше големи проблеми на димашен терен и со 3:1 го совлада Елче. Донеодамнешниот напаѓач на Барса, Уругваецот Луис Суарез со головите во 41 и 58 минута им донесе сигурно водство на „Јорганџиите“, кое во 63 минута го намали Лукас Боје. Сепак, Диего Коста во 80 минута реализираше пенал за мирна завршница за домашниот тим.

Атлетико Мадрид од 12 кола собра 29 бодови и е засега осамен на врвот, а Елче е 16-ти со 14 бодови, исто така, од 12 кола..

Во недела играат: Селта Виго – Алавес, Гранада – Бетис, Кадиз – Хеетафе и Еибар – Реал Мадрид.