Севилја подобра од Мајорка, Леганес до важни бодови

Во средбата од 36-то коло од шпанското фудбалска првенство во неделата вечерта, Севилја со 2:0 ја совлада Мајорка и ја турна чекор поблизу до испаѓањето во понизок ранг.

Севилја поведе во 41 минута со голот на Лукас Окампос од пенал, а сите дилеми околу победникот дамашните ги решија во 84 минута. Мароканскиот голман Јасин Буну дегажираше долго до својот сонародник Јусеф ен Несири кој со одлиен удар го префрли Маноло Реина за 2:0.

Севилја се зацврсти на четвртата позиција со 66 бодови, колку што има и третопласираниот Атлетико Мадрид, а девет бодови повеќе од петтиот Вилјареал. Мајорка е претпоследна 19-та со 32 бодови, три помалку од Алавес кој е на 17-то место кое гарантира опстанок.

Леганес сега е 18-ти со 32 бодови и си ги продолжи надежите дека во последните две кола може да избори останување во Примера, откако ја победи Валенсија со голот од пенал на Рубен Перез во 18 минута. Гостите речиси 35 минута имаа играч повеќе, откако во 54 минута беше исклучен Жонатан Силва, а пет минути подоцна Даниел Парехо не реализираше пенал, па Валенсија не успеа да израмни и остана на 9-то место со 50 бодови.

Еибар практично обезбеди уште една прволигашка сезона откако со 2:0 го победи веќе отпишаниот Еспањол и сега е 15-ти со 39 бодови. Двата погодока ги постигна Еду Експозито, првиот од пенал во 25 минута, а вториот 11 минути подоцна по одбиена топка откако Диего Лопез му го одбрани вториот пенал.

Гостинска победа впиша и Атлетик Билбао кој беше со 2:1 беше подобар од Леванте. За гостите двоен стрелец беше Раул Гарсија во 4 и првата минута од судиското продолжение на првото полувреме, додека за домашните во 71 минута стрелец беше македонскиот репрезентативец Енис Барди.

Атлетик славеше по два последователни пораза, и сега со 51 бод скокна на 7-то место кое води во квалификациите за Лига Европа, додека Леванте е 12-ти со 43 бодови, откако четири кола по ред нема победа.

Денеска се играат натпреварите Алавес – Хетафе, Вилјареал – Реал Сосиедад и Гранада – Реал Мадрид во кој домашните ќе се обидат да фатат приклучот во настојувањата да се изборат за место во Лига Европа, а гостите со труимф повторно да избегаат на четири бодови предност пред второпласираната Барселона.