Севилја славеше во градското дерби

Во едно од најголемите шпански фудбалски градски ривалства Севилја на својот стадион „Санчез Пицхуан“ го совлада Реал Бетис со 1:0.

Решавачкиот погодок го постигна Јусеф Ен Несри во 27 минтуа, на асистенција од Жезус Навас. Ова е првата победа на Севилја во последните пет меча во сите натпреварувања, додека Бетис впиша пораз по четирите последователни победи.

Севилја остана четврта на табелата со 51 бод, а Бетис со 40 бодови е две места подолу.

 

Вилјареал на гостувањето го победи Еибар со 3:1 останувајќи во трката за пласман во европските купови. Головите за „Жолтата подморница“ ги постигнаа Мои Гомез во 1, Карлос Бака во 34 и Алфонсо Педраза во 87 минута, додека за доашните стрелец беше Серхи Енрих во 55 минута.

Вилјареал сега има 40 бодови на седмото место, пет помалку од петтото место кое води во Лига Европа. Еибар, пак, остана претпоследен 19-ти со 22 бода, два помалку од зоната на опстанок во Примера.

 

Гранада го победи Реал Сосиедад дома со погодокот на Херман Санчез во 52 минута и дојде до 36 бодови со кои се одржа на осмото место. Реал Сосиедад остан на 45 бодови со кои е не петтата позиција, шест помалку од четвртата Севилја.

 

Во првиот дуел во неделата Селта Виго и Атлетик Билбао одиграа без голови, па остнаа со непроменет распоред – Селта е 10-та а Атлетик 11-ти сега со по 34 бодови.

 

На табелата сѐ уште води Атлетико Мадрид со 63 бодови, пред градскиот ривал Реал Мадрид со 57 бодови. Трета е Барселона со 56 бодови а својот меч од ова коло ќе го одигра во понеделник кога гостува кај последната Уеска, и со победа може веќе сериозно да им се приближи на „Јорганџиите“ кои во ова коло одираа во саботата без голови на гостувањето кај Хетафе.