Севилја веројатно отпадна од трката за титулата

23

Фудбалерите на Атлетик Билбао ја победија Севилја на нејзин терен во понеделникот во последниот натпревар од 35-то коло на шпанското фудбалско првенство.

Стрелецот на победничкиот погодок за Баските го постигна Инаку Вилијамс во 90 минута.

На Севилја ѝ беше потребна победа за да остане во игра за титулата, но со овој пораз остана на четвртото место со 70 бодови, шест помалку од водечкиот Атлетико Мадрид, односно четири помалку од вториот Реал Мадрид и четвртата Барселона, на четири кола пред крајот.

Атлетик Билбао, пак, сега е деветти со 45 бодови, шест помалку од местата кои водат во квалификациите за европските купови следната сезона.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.