Шаќири: Три ипол години нема ништо во Скопје, само козметички зафати

Состојбите мора да се подобруваат, не смее да живееме со тоа “ајде можеме“. Јас овој град го сакам, треба со лична заложба и пример да се средуваат состојбите, кажа Бени Шаќири, кандидат за градоначалник на Скопје во Студио 10 на ТВ24.

-Три ипол години нема ништо во Скопје, а сега само козметички зафати. Мотивити не треба да се бараат од Бени, сам граѓанинот нека прошета и ќе види. Се можам да разберам, ама можеа барем една церада (зградата на ЕСМ) да стават. Јас како човек кој си го сака својот град, локал патриот, не ми е сеедно. Да не зборуваме колку ѓубре има во градот. Воздухот е валкан, и сите деца го дишат тој воздух. Скопје стана сив град, кој не дише, не пулсира, вели Шаќири.