Шахпаска: Граѓаните денес носат важна одлука, за иднината, за напредокот да продолжи уште повеќе и уште подобро

26

Јас го исполнив моето гласачко право кое ми е дадено согласно Уставот, но и како граѓанска должност. Верувам дека и останатите граѓани од нашата земја ќе излезат на демократски, фер, слободни избори, како што покажавме изминатите години и ќе гласаат за опцијата за која веќе се определиле, рече носителката на кандидатската листа на СДСМ и Коалицијата „Можеме“ во ИЕ 3, Јагода Шахпаска

За разлика од претходните години оваа година гласаме согласно препораките на здравствената комисија и протоколите на Државната изборна комисија заради корона кризата.

Меѓутоа, ги повикувам сите граѓани од нашата земја да излезат и го дадат својот глас за опцијата која што води напред, која што  води во Европа, а не опцијата која што води кон враќање назад и во изолација.

Им посакувам добро здравје и вечер да победи подобриот кандидат на изборите“, кажа Шахпаска.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.