Шахпаска: Негласањето носи ризик да изгубиме сè што постигнавме

32

На 15 јули излези и гласај. Заокружи го бројот 3. За уште повеќе успеси и уште подобра иднина на нас, нашите деца, нашата татковина. Во спротивно, седењето дома и неизлегувањето на гласање, значи и не учествување во носењето на големи и важни одлуки. Негласањето носи ризик да изгубиме се што постигнавме заедно. Затоа, да не си играме со сопствената иднина, порача Јагода Шахпаска, носителка на коалицијата „Можеме“ во ИЕ 3, на последниот ден од изборната кампања.

Таа нагласи дека во изминатите три години се донесени големи и историски одлуки и решени се децениски прашања.

– Работевме посветено и на надворешните релации и политики, но работевме посветено и на домашната економија и политики. И секогаш исклучиво во интерес на граѓаните и државата. Затоа денеска горди на сработеното, имаме образ да ја побараме уште еднаш вашата доверба – рече Шахпаска.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.