Шакири чека понуда од Ливерпул, Манчестер Јунајтед или Интер

Ердин Шакири, братот на швајцарскиот интернационалец од редовите на актуелниот светски и европски клупски шампион Баерн (М), Хердан Шакири, откри дека неговиот брат е незадоволен од минутажата која ја добива на „Алианс Арена“ и сака да ја промени клупската средина за време на летниот преоден рок.

“Хердан има 22 години и таа возраст, фудбалерот мора да има статус на стандарден првотимец, мора да игра на секој натпревар. Мојот брат нема таков статус во дресот на Баерн (М). Ќе го почекаме стартот на летниот преоден рок. Ќе ги разгледаме сите понуди кои ќе дојдат на нашата адреса, но најзаинтересирани сме за преселба во редовите на Ливерпул, Манчестер Јунајтед и Интер”, изјави Ердин Шакири кој истовремено е и агент на 22-годишниот крилен напаѓач.

Малата минутажа се должи на тоа што предводникот на Баерн (М), Пеп Гвардиола, повеќе им верува на Ариен Робен, Франк Рибери, Томас Милер и Марио Геце.