Шалке ја продолжи серијата од 13 кола без победа

44

Фудбалерите на Шалке ја продолжија низата без првенствена победа во 13 кола, откако во дуелот од 31-то коло од германскиот шампоионат одгира 1:1 прови Баер Леверкизен

Шалке последната победа во Биндеслигата ја оствари на 17-ти јануари против Борусија Менхенгалдбах со 2.0, а потоа врза шест ремија и седум порази.

Во средбата против „Аптекарите“, Шалке поведе во 51 минута со голот на Калигури од пенал, а израмни Паулињо во 81 минута.

И покрај низата лоши резултати Шалке сѐ уште е во горниот дел од табелата, на деветтото место е со 39 бодови. Баер Леверкузан со овој бод се врати на четвртокот место со 57 бодови, бод повеќе од петтата Борусија Менхенгладбах. На табелата води Баерн Минхен со 73 бодови, го следи Борусија Дортминд со 66 а трет е РБ Лајпциг со 62 бода.

Во вториот неделен дуел Аугстбург на гостувањето го совлада Мајнц со 1:0 остварувајќи важна победа во борбата за прволигашкиот статус. Решавачкиот погодок ги постигна Флориајн Нидерлехнер во 43 секунда од мечот. По нафрлување од аут, Карлос Груезо нафрли во казнениот простор, а Нидерлехнер содлично се снајде меѓу тројца противнички играчи и го постигна, како што се покажа подоцна, единствениот гол на мечот.

Аугсбург третпат оваа сезона постигнува погодок во првата минута, повторувајќи го рекордот на Дуизбург од сезоната 1974/75 и на Саарбрикен од сезоната 1985.86. Нидерлехнер ја води листата на стрелци во клубот во за него дебитантската сезона, постигнувајќи на 31 натпревар 12 погодоци и осум асистенции.

Мечот во продолжение го одбележа страшниот судар со главите меѓу домашниот напаѓач Тајво Авониј и гостинскиот бек Феликс Удокаик, по што Авониј остана да лежи без свест,. Малдиот 22-годишен Нигериец кој во Мајнц е на позајмица од Ливепрул, по извесно време во медицинското возило дојде при свест, но веднаш е префрлен во болница каде е констатиран потрес на мозокот и превентивно ноќта ќе ја мине под лекарско набљудување.

До крајот на мечот Мајнц вршеше притисок, имаше неколку убави шанси за постигнување гол, но не успеа да израмни.

Ова беше дуел на две екипи од долниот дел и соседи на табелата. Аугсбург пред мечот беше на 14-то место со 32 бода, додека Мајнц беше место подолу со бод помалку. Со победата Аугсбург се оддалечи од оапснта зона на три кола пред крајот, заседнувајќи на 13-то место со седум бодови повеќе. Зад Мајнц кој остана на 31 бод, се Форутна на 16-то место кое води во дополнителни квалификации за Бундеслигата со 28 бодови, колку што има и претпоследниот Вердер а Падеборн е веќе отпишан на дното со 20 бодови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.