Шалке со победа ѝ се доближи на Борусија М

Фудбалерите на Шалке 04 ја победија Борусија од Менхенглaдбах со 2:0 во првиот натпревар од вториот дела од германското провенство, одигран во петокот на „Шалке Арена“ во Гелзеркирхен, со што ја намали предноста на денешниот противник на само два бода.

Водечкиот погодок за Шалке ги постигна Суат Сердар во 48 минута, а десет минути подоцна водството го удвои и го постави конечниот резултата Микаел Грегорич, а Австриецот беше асистен и при постигнувањето на првиот погодок.

Со оваа победа Шалке привремено се проби на четвртото место на табелата со 33 бодови, колку има и третопалсираниот Баерн Минхен со меч помалку. Водечкиот РБ Салцбург има 37 бодови, а Борусија Менхегладбах остана втора со 35 бодови.

Во сабота се играат натпреварите Келн – Волфсбург, Мајнц – Фрајбург, Аугсбург – Борусја Дортмунд, Фортуна – Вердер, Хофенхајм – Ајнтрахт и РБ Лајпциг – Унион Берлин. Во недела, пак, се среќаваат Херта- Баерн Минхен и Падерборн – Баер Леверкузен.