„Шаманот“ осуден на 41 месец затвор поради упадот во Капитол

Американскиот Сојузен суд го осуди во средата еден од демонстрантите кои на 6-ти јануари упаднаа во Капитол, познат како „КјуЕјнон Шаман“, на 41 месец затвор поради неговата улога во безредијата во американскиот парламент.

Идентична казна му беше пресудена на Скот Феирламб, тренер во боречки спортови, кој е снимен како удира полицаец во текот на упадот, а станува збор за досега најстрогата казна изречена во 675 700 кривични случаи откако демонстрантите кои ја оспоруваа легалноста на победата на претседателскиот избор на актулениот претседател Џо Бајден на 6-ти јануари насилно упаднаа на Капитол.

Џејкоб Ченсли, кого го сметаат за прврзаник на движењето за теориите на заговорот QAnon, поради неговото обоено лице, крзнената капа и бизонските рогови стана еден од симбиолите на насилниот упад на приврзаниците на поранешниот претседател Донал Трамп кои сѐ уште тврдат дека на републииканецот му е украдена победата на претседателските избори во ноември 2020 година.

Обвинителите бараа за Ченсли подолга казна, од 51 месец, откако тој во септември ја приза вината за учество во спречување на работата на американскиот Конгрес. Но окружниот судија Ројс Ламберт, кој ја пресуди казната и за Феирламб, изјави дека верува оти 34-годишниот Ченсли, кој е во притвор од јануари, се „вратил на вистинскиот пат“.

„Најтешкиот дел од ова е што знам дека јас сум тој кој треба да биде обвинуван“, изјави Ченсли пред да му биде изречена пресудата, зборувајќи и за тешкото детство.

„Мислев дека ќе добијам 20 години самица. Ова траума ме промени. Имам бели влакна кои тоа го докажуваат, на градите, рацете. Чесен судија, не би требало да имам бели влакна“, додаде Ченсли.

На Ченсли во текот десетмесечниот притвор му се дијагностицирани шизофренија со биполарно нарушување, депресија и анксиозност.

Ченсли стана познат по учеството во упадот на Капитол полугол облик, обоено лице, со крзнената капа со бизонските рогови и копје во рацете. Ченсли потоа се упати кон салата на Сенатот, каде што го зазеде столчето кое набрзина беше оставено од тогашниот потпретседател на Соединетите држави, Мајк Пенс.

Во настаните на Капитол директно загина демонстрантка поранешени војник која беше застрелана а досега не се знае од кого, и уште три лица како последици на повреди или срцеви удари. Еден полицаец од Капитол Хил, кој бил нападнат од демонстрантите починал ден по безредијата но исто така не од директни последици на нападот, а четири полицајци кои биле во обезбедувањето на парламентот тој ден подоцна се самоубиле. Повредени беа околу 140 полицајци.