Шампионот одигра “шампионски” на Сан Сиро

Италијанскиот шампион Јувентус ја оствари и третата победа во Серија А од почетокот на првенството, победувајќи со 0-1 на гостувањето на „Сан Сиро“ против Милан. Иако „Росонерите“ оваа сезона имаат поголеми амбиции, а и победите во првите две кола го навестија тоа, сепак се далеку од нивото на „старата дама“.

Аргентинскиот интернационалец Карлос Тевез беше творец на триумфот на Јувентус, откако во 71.минута го совлада ветеранот Абијати, по одличното проигрување од Пол Погба. Така Алегри дојде на „Сан сиро“ и ги освои трите бода, а Филипо Инзаги во завршницата му даде шанса и на Фернандо Торес во нападот, меѓутоа мрежата на Буфон остана мирна.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.